Зошто ни требаат промени

Сегашниот систем функционира добро во идеални услови кога бројот на вработените е многу поголем од бројот на пензионерите. Но, социоекономските и демографските промени го прават своето. Соодносот на вработените и пензионерите е неповолен, населението старее, животниот век се продолжува и тоа го прави досегашниот систем долгорочно неодржлив.

Воведувањето на новиот систем кој е комбинација на тековно и капитално финансирање ќе резултира со бенефиции за поединецот и дополнителни ефекти на целата економија.

Поединецот е посигурен, бидејќи финансирањето на пензијата ќе се врши од повеќе извори, ризикот се диверзифицира, а транспарентноста во работењетостанува еден од основните принципи во работењето и комуницирањето со членовите.

Во општеството пошироко, се создаваат услови за долгорочна солвентност на пензискиот систем, зголемување на националните заштеди, зајакнување на моќта на инвестирањето, што индиректно придонесува за раст на економијата и поефикасен пазар на трудот.

 
Контакт информации
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје
адреса:
Водњанска 1, 1000 Скопје
телефони:
02/ 15500; 02/5100266
електронска пошта: kontakt@npf.com.mk

повеќе за нас