| |
Управување на Друштвото Со ефикасно работење и традиција обликуваме ново поглавје во пензиската култура, кое претставува темел на работењето на вработените во НЛБ Нов пензиски фонд при работата со клиентите, акционерите, финансиските аналитичари и останатата јавност. Друштвото воспоставува транспарентен и разбирлив систем на управување кој го зголемува нивото на доверба на домашнитеи на вработените. Корпоративното управување во Друштвото претставува збир од заемни односи меѓу Управниот одбор, Надзорниот одбор, како и другите лица со посебни права и одговорности кои извршуваат раководна функција во Друштвото и останатите заинтересирани субјекти. Корпоративното управување се заснова врз принципите на одговорност, транспарентност и контрола во одлучувањето и во секојдневното работење и известувањето за состојбите во компанијата. Во насока на ефикасно управување, Друштвото определува и Стратегија на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, која претставува основен водич за развој и претставува ефикасно мерило за нашата успешност. Почитуваме вредносни правила на однесување во односот со клиентите, при што искрениот однос и јасната комуниција се нашите темелни вредности. Статут на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје Кодекс на корпоративно управување на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје | |
Контакт информации
|