Традиција на Друштвото

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје има единствена дејност на управување со Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд НЛБ Пензија плус и нивно претставување пред трети лица како и други дејности поврзани со управувањето со фондовите.

Отворениот задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд е отворен инвестиционен фонд основан и управуван согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и одобрението за управување со пензиски фонд од 09.06.2005 година издадено од Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување.   

Отворен доброволен пензиски фонд НЛБ Пензија плус е отворен инвестиционен фонд основан и управуван согласно Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и одобрението за управување со доброволен пензиски фонд од 04.06.2009 година издадено од  Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување. Со ова
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје стана првото друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови во Република Македонија.

 

 
Контакт информации
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје
адреса:
Водњанска 1, 1000 Скопје
телефони:
02/ 15500; 02/5100266
електронска пошта: kontakt@npf.com.mk

повеќе за нас