Пензиската реформа е еден од најзначајните социјални проекти во Република Македонија, која се спроведува со цел долгорочно и кавлитетно да се обезбеди финансирање на пензиите. Принципот на финансирање на пензиите се менува, така што повеќе нема да добиваш пензија само од еден, туку од два или три извори. Досега пензија очекуваа само оние кои беа во редовен работен однос. Со доброволното пензиско осигурување пензиски надоместок можат да земаат сите лица кои сакаат да си обезбедат подобра иднина.
ПРВ СТОЛБ
Придонесот за пензиско и инвалидско осигурување изнесува 18% од бруто платата на секој вработен. 11,70% одат во финдот за пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност (Фондот на ПИОМ). Од овој процент им се исплаќа пензија на сегашните и идните пензионери.
ВТОР СТОЛБ
Со воведувањето на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, пензиските фондови се во сопственост на нивните членови. 6,30% од бруто платата се одвојуваат за уплата на придонес во задолжителен пензиски фонд по избор на осигуреникот на негова лична сметка.
ТРЕТ СТОЛБ
Третиот столб претставува доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Ваквиот начин на осигурување се однесува на сите полнолетни лица кои сакаат и можат да си обезбедат поголема сигурност во пензиските денови.