Нашата визија е да бидеме пионери, заедно со останатите учесници во реформскиот процес, во целосно нова област за нашето општество, која претставува спој на социјални и финансиски аспекти и има исклучително значење за поединецот и општеството во целина.
Република Македонија се стреми да спроведе квалитетна реформа во пензискиот систем. Тука ние се наоѓаме себеси како Друштво поставено на темелите на своите основачи и базирано на високостручните знаења и професионалната култура и етика на ангажираниот тим.
Мисија
Нашата мисија е да бидеме сигурно и доверливо Друштво кое воспоставува високи стандарди на квалитет во работењето во областа на пензиското осигурување и обезбедува домаќинско управување со имотот на своите членови.