Друштвото согласно член 95 од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување има обврска два пати годишно (најдоцна до 31 јули/31 јануари) да ти достави писмено известување за состојбата на средствата акумулирани на твојата лична сметка на твојата адреса за коресподенција;
на твое барање Друштвото ќе ти достави писмено известување за пократок временски период од шест месеци, при што има право да ти наплати надоместок во висина на трошоците за печатење и поштенските трошоци;
доколку писменото известување не стигне во утврдениот рок на достава, обрати се во седиштето на Друштвото или јави се на 02/15 500 и провери ја твојата адреса на коресподенција која е регистрирана во базата на Друштвото.