Собрание на акционери

Врз основа на член 62 од Статутот на Акционерското друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд Скопје, а согласно Одлуката на Управниот одбор бр. 02- 306/6  од 09.03.2012 година

 НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

 ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Годишно Собрание на акционери на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

 Годишното Собрание на акционери на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, ќе се одржи на ден 02.04.2012 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во деловните простории на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, со следниот:

ДНЕВЕН РЕД

  1. Избор на Претседавач на Собранието на акционери;
  2. Избор на Записничар на Собранието на акционери и заверувач на записник;
  3. Извештај за резултатите од контролата на Надзорниот одбор спроведена врз годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај за 2011 година;

со

-       Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за резултатите од контролата на Надзорнот одбор спроведена врз годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај за 2011 година;

  1. Годишен извештај за работењето на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2011 година;

со

-       Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2011 година;

  1. Извештај на Ревизорската куќа „PricewaterhouseCoopers за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2011 година согласно сметководствените законски регулативи во Р. Македонија;

-       Извештај на Ревизорската куќа „PricewaterhouseCoopers за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2011 година согласно меѓународните стандарди за финансиско известување

со

-       Предлог-одлука за усвојување Извештаите на Ревизорската куќа ,,PricewaterhouseCoopers“ за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2011 година;

  1. Извештај за работењето на Надзорниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2011 година;

со

-       Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Надзорниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2011 година;

  1. Предлог-одлуки за одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор;
  2. Извештај за работењето на Управниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2011 година;

со

-       Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Управниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2011 година;

  1. Предлог-одлуки за одобрување на работата на членовите на Управниот одбор;

10.  Годишен извештај за работењето на Секторот за внатрешна ревизија на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје во 2011 година;

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2011 година;
  2. Предлог-одлука за распределба на добивка;
  3. Предлог-одлука за назначување на овластен ревизор;

14.  Предлог-одлука за усвојување на Деловник за работа на Собранието на акционери на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје;

15.  Предлог-одлука за усвојување на Кодекс за добро корпоративно управување во НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје;

16.  Предлог-одлука за усвојување на Политика за избор на екстерен ревизор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје;

17.  Предлог-одлука за одобрување на Политика за следење на перформанси и наградување на членовите на Надзорен и на Управен одбор, лицата со посебни овластувања и одговорности, раководните лица и вработените во НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје;

 Се повикуваат акционерите кои поседуваат акции со право на глас да учествуваат во работата на Собранието и да го пријават своето учество.

Акционерот може со писмено полномошно заверено кај нотар да именува застапник кој ќе го застапува на Собранието. За полномошник не може да биде определен: член на органот на управување, односно член на органот на надзор на Друштвото, вклучително и членовите на неговото потесно семејство; раководно лице во Друштвото или член на неговото потесно семејство; член на органот на управување, односно на органот на надзор, вработен или овластен ревизор на поврзани или зависни друштва со Друштвото, вклучително и членовите на неговото потесно семејство; застапник по закон или друго овластено физичко лице од Друштвото или од друго правно лице што е во сопственост на Друштвото и вработен или овластен ревизор во Друштвото.

Полномошната и пријавите да се достават најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието до Правната канцеларија на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје (контакт телефон: 02/5100-285, телефакс: 02/3236 998).

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки во дневниот ред.

Барањата за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието се испраќа до НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, во рок од 8 дена од денот кога е испратена поканата, а дополнувањата се испраќаат на ист начин како што е испратена поканата.

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

 

 
Контакт информации
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје
адреса:
Водњанска 1, 1000 Скопје
телефони:
02/ 15500; 02/5100266
електронска пошта: kontakt@npf.com.mk

повеќе за нас