Пензиски шеми

Работодавач или Здружение на граѓани може да организира и финансира професионална пензиска шема само за своите вработени или членови на здружение на граѓани. Повеќе работодавачи или здруженија на граѓани може заедно да организираат и финансираат професионална пензиска шема. Вие ги избирате лицата на кои ќе им понудите вклучување во пензиска шема и на тој начин ќе придонесете за зголемување на нивната продуктивност, ефикасност и приврзаност кон целите на вашата компанија/здружение на граѓани.

Кај пензиските шеми

  1. На уплатените придонеси во пензиската шема не се пресметува и уплаќа персонален данок. Даночното ослободување е при уплатата на придонесите и не се чека поврат на данок од страна на државата
  2. Уплатените придонеси во пензиската шема не влегуваат во основицата за пресметка на бруто плата, што значи дека за истите не се плаќаат задолжителни придонеси од платата
  3. Не постои минимален услов за вклучување на одреден број на вработени во пензиската шема;
  4. Максималната висина на уплатениот придонес не е определена со Закон;

Определена е максималната висина на уплатен придонес врз основ на кој се пресметува и одобрува даночно олеснување и тоа изнесува четири просечни бруто плати во државата пресметани за претходната година.

.

 

 
Контакт информации
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје
адреса:
Водњанска 1, 1000 Скопје
телефони:
02/ 15500; 02/5100266
електронска пошта: kontakt@npf.com.mk

повеќе за нас