Надоместоци

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ќе ги наплатува единствено следниве надоместоци:

            а) надоместок од придонес како процент од секој уплатен придонес во доброволниот пензиски фонд, пред нивното претворање во сметководствени единици. Надоместокот од придонес што ќе го наплатува НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје изнесува 3,8% од секој уплатен придонес;

 б) месечен надоместок како процент од вредноста на нето средствата на доброволниот пензиски фонд за покривање на трошоците на друштвото. Месечниот надоместок што го наплатува НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје изнесува 0,1% и тој се врши секој датум на процена на средствата на доброволниот пензиски фонд и се наплатува еднаш месечно;

            в) надоместок во случај на пренос на средствата на индивидуалната сметка на член од еден доброволен пензиски фонд во друг доброволен пензиски фонд, под услов членот кој преминува да бил член во постојаниот доброволен пензиски фонд пократко од една година пред да премине во идниот доброволен фонд:

 

 Број на денови на членство

Износ на надоместок за премин

Број на денови ≤360

10 Евра

Број на денови> 360

не се наплаќа надоместок за премин

 

                                   

 
Контакт информации
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје
адреса:
Водњанска 1, 1000 Скопје
телефони:
02/ 15500; 02/5100266
електронска пошта: kontakt@npf.com.mk

повеќе за нас