Кој може да биде член на НЛБ Пензија плус?

Со доброволниот пензиски фонд се опфаќаат лица од 15 до 70 години. Членови на доброволниот пензиски фонд можат да бидат лица кои се веќе осигурани во едностолбниот или двостолбниот пензиски систем, а кои сакаат и се во можност да издвојат дополнителни средства заради поголема материјална сигурност по пензионирањето; лица кои не се опфатени со задолжителното пензиско осигурување, како што се долгорочно невработени, вработени на проекти или во странски мисии; лица кои немаат приходи по ниеден основ, а за нив уплаќаат трети лица; брачни другари кои не се вработени и други вработени без оглед дали се во работен однос или се невработени.

 

 
Контакт информации
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје
адреса:
Водњанска 1, 1000 Скопје
телефони:
02/ 15500; 02/5100266
електронска пошта: kontakt@npf.com.mk

повеќе за нас