Како да станам член на НЛБ Пензија плус?

Член на НЛБ Пензија плус можеш да станеш на три начина:

Со потпишување на договор за членство во отворениот доброволен фонд и со отварање на доброволна индивидуална сметка;

Со потпишување на договор за членство во доброволниот пензиски фонд помеѓу тебе, уплаќачот и друштвото и со отварање на доброволна индивидуална сметка;

Со учество во пензиска шема и отварање на професионална сметка.

Едно лице може да има само една доброволна индивидуална сметка и една професионална сметка. Овие сметки може да се во ист или во различен пензиски фонд.

 Доколку се одлучите да станете член на НЛБ Пензија плус тоа можете да го сторите на следниве начини:

Да се јавите на телефонскиот број 02/15500 и директно да контактирате со нас;

Да дојдете директно во седиштето на Друштвото на ул.Водњанска бр.1, 1000 Скопје.

 

Со потпишување на договор и отварање на доброволна сметка кај нас станувате член на НЛБ Пензија плус, а на наведената домашна адреса ќе ви испратеиме потврда за склучен договор

 

 
Контакт информации
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје
адреса:
Водњанска 1, 1000 Скопје
телефони:
02/ 15500; 02/5100266
електронска пошта: kontakt@npf.com.mk

повеќе за нас