Податоци за распределени лица

Ако сте осигуреник кој за првпат пристапил во задолжително пензиско и инвалидско осигурување на или по 01.01.2003 година и во законскиот рок од 3 месеци по вработувањето не сте склучиле договор за членство со ниту едно друштво за управување со пензиски фондови, согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Вие сте распределен член по метод на случаен избор, во еден од двата пензиски фонда од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

По истекот на 3 месеци од Вашето пристапување во осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување е должна писмено да Ве извести и да Ве упати во друштвото кое управува со фондот во кој сте распределени.

 

Доколку веќе имате добиено известување дека сте распределен член на отворед задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд, а сеуште не сте ги доставиле своите лични податоци во Друштвото, Ве молиме за следното:

1.    Пополнете го Формуларот за достава на лични податоци и пополнете го со кирилични печатни букви;

2.    Пополнетиот формулар доставете го до просториите на Друштвото на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје,ул.Водњанска бр.1, 1000 Скопје или некоја од експозитурите на НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

Со самото доставување на коректно пополнетиот Формулар, Вашите податоци ќе бидат внесени во Регистарот на членови на отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд, со цел да добивате редовни известувања за состојба на Вашата индивидуална сметка и останати известувања кои согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Друштвото ги доставува на своите членови.
 

 
Контакт информации
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје
адреса:
Водњанска 1, 1000 Скопје
телефони:
02/ 15500; 02/5100266
електронска пошта: kontakt@npf.com.mk

повеќе за нас