Кој може да биде член на НЛБ Пензиски фонд?

НОВОВРАБОТЕНИ ПО 1 ЈАНУАРИ 2003 - Задолжително влегуваат во  задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и можат во рок од 3 месеци од датумот на нивното прво вработување да изберат еден од двата пензиски фонда.

Секое нововработено лице кое не го искористило правото на избор на пензиски фонд во предвидениот рок од 3 месеци, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување по метод на случаен избор го распеределува во еден од двата пензиски фонда.

 

     Вработени пред 1 Јануари 2003 - Сами избираат дали ќе останат во систем со еден столб или ќе се приклучат кон систем со два столба.

     - Вработени пред 1 Јануари 2003 до 5-10 години стаж - Сами избираат дали ќе останат во систем со еден столб или ќе се приклучат кон систем со два столба. Бидејки во пресметката н а пензија се признаваат само 5 до 7 години од претходниот стаж, големо значење ќе има и возраста на осигуреникот. Калкулаторот за пресметување покажува голема веројатност дека е во нивен интерес да преминат во новиот двостолбен систем.

     - Вработени пред 1 Јануари 2003 со повеќе од 10 години работен стаж - Сами избираат дали ќе останат во систем со еден столб или ќе се приклучат кон систем со два столба. Кај овие лица постои  голема веројатност дека би имале поголема пензија во првиот столб.

 

 
Контакт информации
НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје
адреса:
Водњанска 1, 1000 Скопје
телефони:
02/ 15500; 02/5100266
електронска пошта: kontakt@npf.com.mk

повеќе за нас