| Намален надоместок од придонеси на ОЗПФ НЛБ Пензиски фонд30.12.2011 |
Почитувани членови, Согласно член 98 став 1 точка а од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд – Скопје, го намали надоместокот од придонеси од 4,5% на 4%. Новиот процент на надоместокот од придонеси ќе започне да се применува од 01.01.2012 година. Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд. |