1. Прашање | Какво Друштво е НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје? |
Одговор | НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје е друштво основано за да функционира во рамките на Вториот столб на реформираниот пензиски систем во Република Македонија. Овој вид друштва прв пат се основаат на нашите простори. Основната дејност на НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје е управување со пензискиот фонд. Друштвото ангажира потребни капитални, кадровски и технички ресурси за да воспостави соодветен систем во рамките на законската регулатива кој ќе овозможи, сигурно, домаќинско, транспарентно и стручно да ја извршува својата функција и да управува со собраните придонеси од своите членови. |
2. Прашање | Што е друштво, а што фонд? |
Одговор | Друштвото е правен субјект, акционерско друштво, формирано со капитал од 1,5 милиони евра, со стручен менаџмент и соодветна техничка инфраструктура. Фондот е посебна форма на имот, кој се формира од придонесите на неговите членови. Вредноста на Фондот се зголемува за добивките од инвестициите, а се намалува за провизиите кои ги наплатува Друштвото за управување. Средствата на Друштвото и Фондот се целосно одвоени. Чувар на имотот на Фондот е НБРМ (во првите пет години од функционирањето на системот). |
3.Прашање | Како се евидентираат придонесите на членовите на НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје? |
Одговор | Секој член кој пристапува во НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје согласно законската регулатива, по неговата регистрација добива своја лична сметка. За евиденција се користат т.н. сметководствени единици. Секоја уплата на придонес се евидентира на личната сметка и предизвикува промени. НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје ќе воспостави соодветен систем на информирање на своите членови и ќе им овозможи во секое време да проверат колку изнесува акумулираниот износот на личната сметка, колкава е заработувачката на Фондот и дали работодавецот редовно ги плаќа придонесите. |
4. Прашање | Дали поедноставно можете да ми објасните што е тоа сметководствена единица? |
Одговор | Навидум тоа сега изгледа сложено и ново. Но кога ќе почне да функционира Фондот тоа ќе биде едноставно да се разбере. Сметководствената единица е едно делче, пропорционално, од вкупната вредност на средствата на Фондот. Кога ќе се уплататат првите придонеси, на првиот датум, вредноста на сметководствената единица ќе биде 100 денари. Членот ќе знае колку сметководствени единици му се доделени за уплатените придонеси. За секој член понатаму ќе биде интересно да следи како се зголемува бројот на сметководствените единици на неговата лична сметка и колкава е вредноста на сметководствената единица, која ќе се менува во зависност од вредноста на нето средствата на Фондот која ќе се пресметува секој ден. ot dem e edno del~e, proporcionalno, od vkupnata vrednost na sredstvata na фондот. Koga }e se uplatata prvite |
5. Прашање | Која е основната разлика помеѓу Првиот и Вториот столб на пензискиот систем? |
Одговор | Првиот столб претставен преку Фондот на ПИОМ, функционираше и ќе продолжи да функционира на принципот на тековно финансирање. Во овој фонд долгорочно не се задржуваат средствата. Тековните уплати се користеа и ќе се користат за исплата на тековните пензионери. Во Вториот столб, во кој ќе функционираат двата приватни пензиски фонда, се воведува капитално финансиран систем со дефинирани придонеси. Придонесите што ќе пристигнат на личните сметки на членовите,во Вториот столб, во чии рамки функционира НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје нема да се употребат за тековните исплати на пензиите, тие ќе останат долгорочно во Фондот. Друштвото ќе ги инвестира собраните средства од придонесите, намалени за надоместоците, до моментот кога членот ќе остари право на пензија и ќе настојува да заработи добивки кои целосно му припаќаат на членот. |
6. Прашање | Зошто да го изберам НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје? |
Одговор | На пазарот се формираа две друштва кои беа потребни за да се обезбеди конкуренција. Но, конкуренцијата во оваа фаза не може да биде заснована на било какви очекувани разлики за добивките кои фондовите ќе ги остваруваат во иднина. Нашата работа се темели на искуството, традицијата, успешноста во работењето и извонредните перформанси на нашите основачи. Тутунска Банка е позната на овие простори како носител на нови идеи и особено како промотор на непосреден пристап во комуникацијата со клиентите. Во сите наши активности имаме поддршка и можност за користење на know-how на НЛБ групацијата. Стручниот тим на НПФ во оваа фаза е проширен со над 700 агенти кои се добро едуцирани и кои треба да го најдат најсоодветниот пристап до членот, добро да му објаснат за што се работи и да му помогнат да донесе добра одлука за својата иднина. |
7. Прашање | Што треба да имам предвид пред да се вклучам во двостолбниот систем? |
Одговор | Ако припаѓаш на групата задолжителни членови, во двостолбниот систем ќе се вклучиш со индивидуален избор на едно од двете друштва, во спротивно МАПАС ќе те распредели во едно од двете друштва. Ако си доброволен член треба да ги имаш предвид следните параметри: Колку години си работел пред 01.01.2003 година;
На која возраст си;
Колку години предвидуваш дека ќе работиш до остварување на правото на пензија;
Колкав принос можеш да очекуваш од инвестициите на пензискиот фонд;
Други твои очекувања за иднината;
|
8. Прашање | Како да се вклучам во двостолбниот систем и да станам член на Нов пензиски фонд? |
Одговор | Член на Нов пензиски фонд ќе станеш со потпишување на договор за членство. Договорот за членство е пропишан од страна на МАПАС и има стандардна форма. Договор можеш да склучиш само со овластен агент, кој се идентификува со легитимацијата која е должен да ти ја покаже на твое барање. Договорот треба да е уредно пополнет со твоите лични податоци и податоците за агентот со кој си го склучил истиот. |
9. Прашање | Доколку се вклучам во двостолбниот систем дали можам да се предомислам? |
Одговор | Можеш да се предомислиш во првите осум работни дена, по потпишувањето на Договорот. Потоа друштвото ќе те регистрира и со тоа ти си го направил изборот на двостолбниот систем до пензионирање и неможеш да правиш промени. |
10. Прашање | Кој донесува одлука за инвестирање во Нов пензиски фонд АД Скопје? |
Одговор | Нов пензиски фонд АД управува со средствата собрани од придoнесите на своите членови. Одлуките за инвестирање се донесуваат од страна на менаџментот на Друштвото, врз основа на однапред утврдена Инвестициона политика, која е документ кој го донесуваат и потврдуваат највисоките органи на управување на Нов пензиски фонд АД. Инвестиционата политика во целост ги почитува законските лимити во делот на инвестирањето. |
11. Прашање | Како се инвестираат парите собрани од придонесите? |
Одговор | Средствата собрани од членовите на Нов пензиски фонд се вложуваат во првокласни хартии од вредност и други инструменти кои се дозволени и дефинирани со Законот. Врз основа на инвестиционата политика на Нов пензиски фонд АД Скопје и моменталната состојба на пазарите на пари и капитал, менаџментот одлучува за вложувањето, имајќи ги предвид сигурноста и профитабилноста на конкретниот инструмент во кој се инвестираат средствата. Постојат сторого дефинирани процедури во инвестирањето, во кои се вклучени МАПАС, НБРМ како банка чувар на имот и Друштвото, така што е невозможно да се случи трансакција која не е дозволена. |
12. Прашање | Колкав минимален принос гарантира НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје? |
Одговор | НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје нема обврска да гарантира минимален принос. Приносот на НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД во различни периоди ќе зависи од општите состојби и движења на пазарите и од умешноста во изборот на инструментите во рамките на дозволените лимити. Приносите треба да се анализираат на долг рок, со оглед дека се работи за долгорочно издвојување на средства. Краткорочните високи добивки не мора да значи дека се долгорочно одржливи. НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје ќе се стреми да постигне оптимална добивка на долг рок. |
13. Прашање | Кој гарантира за средствата на членовите на НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД? |
Одговор | Високите стандарди за сигурност на кои е поставен системот се: НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје е формиран од реномирани финансиски институции;
НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД, Скопје е формиран со почетен капитал до 1,5 милиони евра и строго ќе ја почитува обврската за одржување и зголемување на капиталот согласно Законот;
Постојана контрола и супервизија на работењето од страна на МАПАС;
Вложувањата на средствата ќе се вршат во рамките на законски дефинираните лимити, во првокласни инструменти;
НБРМ ќе биде чувар на имотот во наредните пет години и строго ќе ги контролира трансакциите со средствата на Фондот;
Средствата на Фондот се целосно издвоени од средствата на Друштвото;
Средствата на НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје не можат да бидат предмет на побарувања и врз тие средства не може да биде спроведено извршување од страна на доверителите на Друштвото;
Државата гарантира во висина од 80% од загубата на средствата која настанала како резултат на кривично дело измама, кражба или проневера.
|
14. Прашање | Дали имам право на увид на личната сметка за време на уплатувањето? |
Одговор | НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје ќе воспостави систем преку кој ќе можеш да пристапиш до твојата лична сметка, во секое време и на тој начин да провериш дали и кога работодавецот ги платил придонесите, колкави средства се акумулирани на сметката и колкава е заработувачката на НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД. |
15. Прашање | Дали работодавецот знае во кое друштво сум член? |
Одговор | Работодавецот нема право да влијае на твојот избор. Друштвото и фондот ги избираш сам. Работодавецот може, но не мора да знае во кој фонд членуваш. |
16. Прашање | Колкава е максималната старост за вклучување во вториот столб? |
Одговор | Со Законот не е дефинирана максимална старосна граница за зачленување во двостолбниот систем. Но, постојат параметри што треба да се земат предвид и секој доброволен член треба добро да се информира што значи вклучувањето во двостолбен систем за него лично. |
17. Прашање | Што ќе се случи ако пропадне претпријатието во кое работам или ако ја променам работата? |
Одговор | Во таков случај и понатаму остануваш член на НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје, средствата и понатаму се инвестираат, со тоа што во периодот во кој не работиш не се уплатуваат придонеси на твојата лична сметка, а ако го промениш работодавачот, уплатите ќе продолжат, новиот работодавец е должен да ги исполни обврските за плаќање на твоите придонеси во согласност со твојот договор за работа и законската регулатива. |
18. Прашање | Што ќе се случи со средствата доколку не доживеам години на старост за пензија? |
Одговор | Во случај на смрт, доколку во семејството на членот има корисници на семејна пензија, средствата се пренесуваат во Фондот на ПИОМ и преку него се исплатува семејната пензија. Доколку нема корисници на семејна пензија, средствата што се акумулирани во НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД, заедно со остварената заработувачка, се предмет на наследување како и другите видови имот. |
19. Прашање | Што ќе случи со средствата на членот во случај на престанок на работа на Друштвото? |
Одговор | Доколку друштвото престане да работи, МАПАС е должна да објави јавен тендер согласно Зконот и да издаде нова дозвола за основање и одобрение за управување со пензискиот фонд. Управувањето со средствата на членовите на пензискиот фонд ќе го преземе новоформираното друштво. |
20. Прашање | Дали можам да ги користам средствата од мојата сметка во НПФ пред времето за пензионирање? |
Одговор 21. Прашање Одговор | Не, средствата не можат да се повлечат од личната сметка пред времето на пензионирање. Средствата во вториот столб се акумулираат за да се употребат како извор за финансирање на пензија. Од тие причини не можат да се трошат за други намени. Дали осигурениците со бенефициран стаж можат да бидат дел од вториот столб? | Сите категории на осигуреници со бенефициран стаж не можат да станат дел од вториот столб. Во Законот за пензиско и инвалидско осигурување за осигурениците од глава IV (осигуреници од одбраната и внатрешни работи, казнено-поправни установи и воспитно-поправни домови) кои имаат бенифициран стаж, не беше дозволено вклучување во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување (втор столб). Со измените и дополнувањата на Законот од 28 декември 2007 г. на овие осигуреници поради промената на својството на осигуреник во текот на работниот стаж, им се дозволува еднаш, по сопствен избор да го отповикаат утврдениот статус. Ова право осигуреникот може да го изврши најдоцна во рок од три месеци од настанатата промена.
Пр . Доколку Ана станала член на вториот столб на 11.03.2007г., а се стекне со бенифициран стаж на 31.05.2008г., има право да избере дали сака и понатаму да членува во вториот столб или сака да се врати во едностолбниот систем, во рок од три месеци сметано од датумот на промена на својството на осигуреник, односно до 31.08.2008г. Пр. Доколку Стефан не станал член на вториот столб, поради тоа што имал бенефициран стаж, а поради промена на работно место од 25.04.2009г. повеќе нема бенефициран стаж, има право да избере да избере дали сака да се вклучи во вториот столб или сака да остане во едностолбниот систем , во рок од три месеци односно до 25.07.2009 г .
Горенаведените осигуреници кои својството на осигуреник го промениле пред влегувањето во сила на овој Закон, отповикувањето на статусот можат да го направат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој Закон ( 28 декември 2007г. ).
Пр. Ако Горан станал член во вториот столб на 13.10.2005г., а на 22.04.2006г, се стекнал со бенифициран стаж има право да избере дали сака и понатаму да членува во вториот столб или сака да се врати во едностолбниот систем, во рок од три месеци сметано од 28 декември 2007г. Доколку во овој рок Горан не го прекине членството останува засекогаш член на вториот столб .
Пр . Ако Елена не станала член на вториот столб , поради тоа што имала бенифициран стаж , кој подоцна го сменила работното место , односно повеќе нема бенифициран стаж ( пр . од 15.09.2007 г .), сега има право да избере дали сака да се вклучи во вториот столб или сака да остане во едностолбниот систем , во рок од три месеци сметано од 28 декември 2007 г . Доколку во овој рок Елена не склучи договор за членството во вториот столб останува член на едностолбниот систем .
Сите останати категории на осигуреници со бенефициран стаж согласно условите и законските рокови можат да преминат во вториот столб. Исто така, осигуреници кои се исклучуваат од вториот столб се и индивидуалните земјоделци, бидејќи кај нив не постојат услови за остварување на поголем принос поради нискиот износ на средства кои ќе се пренесуваат на личните сметки во приватните пензиски фондови. |
|